(Видео) ФИА за инцидентот во Баку: Нема вина кај Саинц и Перез

Возачите на Ферари, Карлос Саинц и Ред Бул, Серхио Перез нема да бидат казнети за инцидентот во претпоследниот круг на вчерашната трка за Големата награда на Азербејџан.

Саинц и Перез се судрија на излезот од вториот свиок, кога се бореа за третото место.

„Саинс и Перез имаа контакт и се судрија набргу по излегувањето на свиокот два. Ова е ситуација кога мал допир имаше значителни последици. Стјуардите прегледаа како се случи инцидентот, не се занимаваа со последиците“, објави „Скај Спортс“.

„Кога двата автомобили се приближуваа до десниот ѕид на излезот од свиокот два, тие беа оддалечени околу еден метар. Од тој момен, па до моментот кога се случи инцидентото ниту еден возач не направи ништо погрешно. Двајцата неутрално ги држеа своите управувачи. Стјуардите ја проверуваа тркачката линија од претходните кругови Саинц беше на или во близина на тркачката линија, под мал агол од десниот ѕид подалеку од истиот ѕид. Во исто време, немаше ништо необично во линијата на Перез, но тој можеше да стори повеќе за да го избегне болидот доколку имаше подобар поглед. Стјуардите сметаат дека ова е тркачки инцидент во кој ниту еден возач не е виновен и нема да презема дополнителни дејствија“, се наведува во соопштението.

Саинц и Перез не ја завршија трката, а благодарение на инцидентот третото место го зазеде Џорџ Расел од Мерцедес.

Оскар Пјастри од Мекларен победи, пред Шарл Леклер од Ферари.

https://x.com/flikQ/status/1835309961607340088?s=19

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО