(ВИДЕО) Драма на мечот Векиќ – Гоф. Американката плачеше, го прекина натпреварот и направи шоу

Хрватката Дона Векиќ славеше против Коко Гоф (7:6 и 6:2) и ја оствари една од најголемите победи во кариерата. Векиќ направи голем пресврт по негативата од  2:5 и го однесе првиот сет во тај-брејкот, за потоа малку полесно го добие и вториот сет.

Американката немаше одговор на играта на хрватската тенисерка, но имаше момент кој го одбележа и го одреди натамошниот тек на мечот.

На 3:2 и 40:30, односно при клучната брејк топка што ја имаше Дона, Хрватката испрати „длабока“ топка која линискиот судија ја окарактеризира како аут.

Набрзо главниот судија го поправи и ја смени одлуката во „добра топка“ по што почна хаосот. Гоф сметаше дека поенот требаше да се повтори, со оглед на тоа што беше означен аут пред таа да возврати.

Следеше подолга дискусија, Гоф ја повика и супервизорката, а потекоа и солзи на видно исфрустрираната Американка.

– Никогаш не приговарам на одлуките. Но, тој викна аут пред да ја удрам топката. Воопшто не станува збор за перцепција, туку за правила, истакна Гоф, но, одлуката не се промени.


 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО