(ВИДЕО) Де Брујне го нарече новинарот глупак. Тој му одговори дека е разгалено детиште!

Белгија го заврши настапот на Европското првенство (ЕП), отако осминафиналето беа поразени од Франција со 0:1. Решавачкиот гол беше постигнат во 85. минута, кога Јан Вертонген ја затресе сопствената мрежа.

Во четвртфиналето во петок, Франција ќе игра против Португалија, која синоќа во вториот меч по изведувањето пенали ја елиминира Словенија со 3:0.

Досега на турнирот Французите постигнаа три гола на четирите натпревари, од кои два беа автоголови. Нитуеден француски играч нема постигнато гол од игра, откако Килијан Мбапе постигна гол од пенал против Полска во групната фаза.

На вчерашниот натпревар Французите беа подобриот тим на мечот што се играше речиси исклучиво во белгиската половина.

Во другуи тим, најрасположен беше Кевин де Брујне (33), капитенот на Белгија кој им создаде шанси на Ромелу Лукаку и Јаник Караско во вториот дел, но тие не ги искористија.

Елиминацијата е разочарување за навивачите на Белгија, иако противникот според многу објективни параметри беше подобар тим, со подобри поединци.

Ова натпреварување веројатно претставува крај на „златната генерација“ на белгискиот фудбал. Од оваа група играчи се очекуваше да постигне одлични резултати во последните 10-на години, но на големите натпреварувања тоа им успеа само на СП 2018 година во Русија, кога го освоија третото место.

На ЕП 2016 и 2020 година испаднаа во четвртфиналето, а сега во осминафиналето. На СП 2014 испаднаа во четвртфиналето, а на последното СП во Катар 2022-та беа запрени во групата.

По мечот, на прес-конференцијата дојде до незгодна размена на зборови меѓу изнервираниот Де Брујне и новинар кој му постави провокативно прашање: „Зошто златната генерација на Белгија не освои ништо?“

Де Брујне му одговори: „Златна генерација? Сакаш да кажеш дека Франција, Англија, Шпанија или Германија немаат златна генерација? Ок, благодарам“. Капитенот на Белгија потоа се упати кон соблекувалната и гласно прокоментира „глупаво“.

Станува збор за италијански новинар, Танкреди Палмери, кој подоцна на социјалните мрежи му одговори на Де Брујне: „Аха, Де Брујне ме нарече глупав. Еј Кевин, мало потсетување за тебе: златните генерации што ги спомна – од Франција, Англија, Германија и Шпанија… СТИГНАА ДО ФИНАЛЕ. Типичен фудбалер кој сака прашања со кои му се кажува колку е добар. Разгалено детиште“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО