Никола Јокиќ забележа брутален трипл-дабл во победата на Денвер Нагетс над Јута Џез со 132-121.
Јокиќ постигна 36 поени (14/33 од поле, 3/9 тројки) со 22 скока и 11 асистенции без ниту еден фаул.
Расел Вестбрук стана вториот играч во историјата на НБА кој забележал трипл-дабл без загубени топки додека со 100 отсто реализција од поле и од линијата за слободни фрлања. Актуелниот МВП на овој натпревар дојде до 15.000 поен во кариерата.
Вестбрук заврши со 16 поени (7/7 од поле, 2/2 од слободните фрлања) заедно со 10 скока и асистенции и му се придружи на Домантас Сабонис во историските книги. Џамал Мареј имаше 10 асистенции и 20 поени.
Јокиќ и Вестбрук станаа 12. тандем во НБА со трипл-дабл учиник на еден натпревар. Инаку, 36-годишниот Вестбрук е лидер со 201 трипл-дабл во кариерата, а српскиот играч е трет со 143. Помеѓу нив е Оскар Робертсон со 181.
Џордан Кларксон постигна 24, а Колин Секстон имаше 22 за Џезовите.
Јута водеше со 66-64 на полувремето, но Денвер ги надигра Џезерите со 34-23 во третата четвртина и си ги трасираше патот кон победата.
Резултати:
Вашингтон – Њујорк 106:126
/Валанчиунас 22 – Таунс 32/
Шарлот – Чикаго 108:115
/Бриџис 31 – Вајт 23/
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 113:116
/Меккалум 33 – Пауел 35/
Сакраменто – Далас 110:100
/Фокс 33 – Динвиди 30/
Голден Стејт – Кливленд 95:113
/Муди 19 – Гарланд 25/
Портланд – Филаделфија 103:125
/Симонс 25 – Ембиид 37/