Три месеци по заминувањето од Ливерпул, по деветте години минати на „Енфилд“, Јирген Клоп ќе им се врати на тренерските обврски. Но, за кратко, само на 90 минути. Клоп ќе го прекине одморот за повторно да седне на клупата на Борусија Дортмунд. Клоп освои осум трофеи со англискиот гигант и двапати беше прогласен за најдобар тренер во светот.
Во јануари тој објави дека се пензионира на крајот од минатата сезона. Тој неодамна повтори дека нема намера повторно да се активира како тренер.
– Тоа беше се’ од мене како тренер. Не дадов отказ поради каприц, тоа беше промислена одлука. Исто така, веќе ги тренирав најдобрите клубови во светот“, истакна тој.
Сепак, макар и за кратко, тој ќе го води тимот во прошталниот меч на Лукаш Пишчек и на Јакуб Блашчиковски. Двајцата одамна го напуштија клубот (Пишчек беше во Дортмунд од 2010 до 2021 година, а Блашчиковски од 2007 до 2016 година) и се пензионираа, а прошталниот натпревар ќе го играат на 7 септември, што го потврдува и хумористично видео.
Во него, Пишчек и Блашчиковски разговараат за прошталниот натпревар, со договор да ги води пензиониран тренер. Клоп потоа се приклучува на видеоповикот. Клоп ја почна тренерската кариера во Мајнц и таму работеше од 2001 до 2008 година. Вниманието на фудбалските навивачи почна да го привлекува откако во 2008-та пристигна во Борусија Дортмунд, каде што остана до 2015 година и двапати ја освои Бундеслигата и Купот на Германија, а еднаш и националниот Суперкуп. Клип го предводеше Ливерпул на 489 официјални натпревари и освои се’ што можеше.
https://www.instagram.com/reel/C-u4EjyKjjf/?utm_source=ig_web_button_share_sheet