(ВИДЕО) Бизарна завршница на мечот Алба – Партизан. Обрадовиќ збесна на Дејвис!

Кошаркарите на Партизан ја победија Алба на гости со 91:90 во многу неизвесен меч во Берлин. Иако тимот од Германија е еден од најлошите тимови во Евролигата, на крајот можеше лошо да се заврши за „црно-белите“ кои сепак ја остварија петтата последователна победа.

Драматичниот меч имаше бизарна завршница во која последните 1,6 секунди се протегнаа на речиси три минути акција пред белградскиот тим да победи со 91:90.

Карлик Џонс постигна 24, а Тирик Џонс 20 поени за победничката екипа. Кај Алба најефикасен беше Дејвид Мекормак со 16 поени. Но, еден потег на Мекормак на крајот од натпреварот е за издвојување.

При резултат 91:89 за Партизан тој застана на линијата за слободни фрлања. Два поена веројатно ќе значеа продолженија.

Но Мекормак го промаши првото, а потоа сакаше намерно да го промаши и второто за да му даде шанса на својот тим со офанзивен скок да постигне  кош. Тој намерно го погоди поблискиот дел од обрачот, но топката се одби од него за 90:91!

Но тука не завршија возбудувањата. Следната акција на Партизан беше прекината со брз фаул поради кој Брендон Дејвис отиде на линијата за слободни фрлања.

Првото го промаши, а потоа намерно сакаше да го промаши и второто за да истечат преостанатите 0,7 секунди. За да го активира часовникот за напад, Дејвис мораше да го погоди обрачот, но тој биеше силно во таблата!


Ова предизвика лута реакција на тренерот на „црно-белите“од Белград, Жељко Обрадовиќ, кој не можеше да поверува што се случува. И коментаторот на натпреварот беше зачуден. „Што беше ова? Што беше ова од Брендон Дејвис? Каков циркус на крајот од мечот. Каква драма“, заклучи тој.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО