Атлетико Мадрид на домашен терен ја победи Борусија Дортмунд со 2:1 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).
Во вториот дел дојде до кошкање меѓу тренерот на Атлетико, Диего Симеоне и спортскиот директор на Борусија, Себастијан Кел. Кел се пожали на наводниот прекршок на Де Пол врз капитенот на Борусија, Емре Чан, но судијата Марко Гуида пушти да се игра.
Атлетико тргна во напад што не и се допадна на клупата на Дортмунд. Набргу потоа камерите ги фатија Симеоне и Кел како се приближуваат и се соочуваат лице в лице, и како Аргентинецот ги става рацете на телото на Кел и двапати го оттурнува. Беше спречен поголем конфликт што можете да го погледнете на видеото подолу.
– Тоа се случи поради ситуацијата на теренот, Симеоне знае зошто. Не треба да зборуваме за тоа, туку за она што беше на теренот. Бевме многу добри во второто полувреме. Во таква ситуација има многу емоции. Да оставиме да остане на тоа, изјави Кел, инаку легенда на Борусија каде што играше од 2002 до 2015 година и освои шест трофеи.
— karola’s media acc (@hidurmi) April 10, 2024