Интер за освојување на скудетото ќе „лапне“ 50 милиони евра

„Нероаѕурите“ се на прагот и математички да ја осигураат титулата во Серија А, бидејќи имаат 14 бода предност пред второтопласираниот Милан, на седум натпревари до крајот на сезоната. Тимот на Симоне Инзаги има шанса да го освои скудетото на претстојно „дерби дела Мадонина“ против „росонерите“ на 22 април.

Весникот „Газета дело Спорт“ пишува дека Интер ќе заработи околу 50 милиони евра со освојувањето на титулата сезонава, што може да биде клучен извор на приходи пред важниот летен трансфер пазар.

Во таа сума 23,4 милиони евра се од Серија А и од тв- правата, околу 10 милиони евра од УЕФА за освојување на скудетото, и најмалку 12 милиони евра од различни спонзорски бонуси, кои би можеле да се зголемат уште повеќе.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО