Вида се прости од репрезентацијата на Хрватска

Домагој Вида денеска и официјално се повлече од хрватската репрезентација.
Хрватскиот фудбалски сојуз најави заминување на 35-годишниот дефанзивец од националниот тим.

– Ќе ми недостига сè – натпреварите, победите, забавата, прославите, па дури и неуспесите, бидејќи преку нив учиш што вредиш. Но, знам дека дојде време за младите – меѓу нив има и такви кои ќе го водат тимот до нови успеси. Со сето срце им посакувам да тргнат по стапките на нашата генерација, која постигна повеќе отколку што можев да сонувам во мај 2010 година. Колку и да беше тешко да се збогувам, заминувам со чувство на гордост и радост“, напиша Вида.

Вида за хрватската репрезентација настапува од 2010 година и на 105 натпревари постигна 4 гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО