Вест Хем и официјално го отпушти Лопетеги

Вест Хем официјално го отпушти менаџерот Хулен Лопетеги. 58-годишниот Шпанец ги презеде „чеканите“ во јули, а неговото назначување беше објавено уште во мај. Тој го замени Дејвид Мојс, чиј договор со клубот истече, и покрај тоа што потроши 130 милиони фунти на нови играчи во текот на летото, запиша само шест победи во 20 натпревари во Премиер лигата. Вест Хем моментално е на 14. место на табелата.

Претходно денеска, клубот ја откажа прес-конференцијата на Лопетеги во пресрет на петочниот натпревар од третото коло во ФА Купот против Астон Вила. Тоа беше сигурен знак дека неговото отпуштање е прашање на часови. Сепак, тој го водеше утринскиот тренинг на тимот.

 

Во своето официјално соопштение, клубот објави дека првата половина од сезоната 2024/25 не ги исполнила амбициите на Вест Хем и тоа била причината за одлуката.

Местото на Лопетеги веднаш ќе го заземе поранешниот менаџер на Челси и Брајтон, Греам Потер, кој, според пишувањата на англиските медиуми, веќе договорил две и пол годишен договор со Вест Хем.

Можно е Британецот да дебитира на петочниот меч на „Вила Парк“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО