Верстапен: Трансферот на Луис во Ферари не е шокантен – друга работа беше доста чудна!

Трикратниот освојувач на титула во Формула1, Макс Верстапен, од свој агол го искоментира трансферот на Луис Хамилтон во Ферари, кој според многумина е шокантен и неочекуван.

Британскиот возач ќе ја одработи последната сезона во Мерцедес, пред да се пресели во Ферари од идната, каде има потпишано долгорочен договор кој ќе го однесе по некоја сезона во пензија.

Целта на Хамилтон е јасна, откако стана веќе извесно дека Мерцедес и следните сезони нема да има така доминантен болид против Ред Бул, Хамилтон се договори со Васер и Ферари за соработка.

– Мислам дека трансферот на Хамилтон во Ферари и не е шокантен, ако за тоа сонувате како дете, тогаш некогаш и може да се случи. Единствено чудно е што медиумите во Италија побрзаа да објават пред веста да биде официјално потврдена, порача Макс Верстапен.

Холанѓанецот го прашаа и за Кристијан Хорнер, кој е обвинет за недолично однесување кон една колешка од нивниот тим.

– Не знам зошто толку медиумите сакаат да ги прават помпезни приказните, но се е како и обично со Кристијан Хорнер. Што се однесува до мене, јас сум фокусиран на трките, да бидам подготвен за максимално добро возење, порача Холанѓанецот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО