Верстапен победи на хаотичната трка во Монтреал, дебакл на Ферари

Макс Верстапен од Ред Бул победи на трката за Големата награда (ГН) на Канада во Монтреал и ја зголеми предноста пред Шарл Леклер од Ферари на големи 56 поени. Ландо Норис од Мекларен ја мина целта како втор, а Џорџ Расел во болидот на Мерцедес заврши на третата позиција пред тимскиот колега, Луис Хамилтон.

Најголем губитник е Ферари, чии двајца возачи, Карлос Саинс и Шарл Леклер не ја завршија трката. Саинс излета од патеката, моторот на Леклер откажа. Ттрката не ја заврши ниту Серхио Перез кој го оштети болидот и мораше да се откаже.

Трката почна на дожд, кој набрзо престана, а безбедносното возило неколкупати мораше да излегува на патеката.

Во 20-от круг Ландо Норис со фантастичен маневар го престигна Верстапен на второто место, а набргу и лидерот Расел. Но, Норис немаше среќа во 25. круг, кога Логан Сарџент удри во ѕидот. Верстапен и Расел пред него заминаа во боксот предводени од безбедносното возило, па Норис се врати на патеката како трет.

Верстапен го задржа водството до крајот на трката и ја забележа шестата победа на деветте трки годинава, вкупно 60-та во кариерата. Расел во последниот круг го престигна Хамилтон за третото место. Следната трка е во Барселона за две недели.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО