Верстапен по пауза од три трки повторно со пол-позиција

Актуелниот шампион во Ф1, Макс Верстапен ќе стартува од пол-позицијата во трката за ГН на Австрија откако имаше најдобро време во денешните квалификации.

Трикратниот шампион претходно славеше и во спринт трката, а по нешто повеќе од три часа подоцна ја освои и пол позицијата.
Верстапен до пол-позицијата стигна со време од 1:04.314 минута, со четири десетинки предност пред Ландо Норис од Мекларен.

Трето време имаше вториот возач на Мекларен, Оскар Пјастри, но по завршувањето на квалификациите тој е помесетн на седмото место бидејќи во најбрзиот свој круг со сите четири губи беше надвор од патеката. Тоа му овозможи на Џорџ Расел да дојде до третото стартно место на утрешната трка.

Меѓу најдобрите десет во денешните квалификации беа уште Карлос Саинц, Луис Хамилтон, Шарл Леклер, Серхио Перез, Нико Хулкенберг и Естебан Окон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО