Верстапен: Јас со Кристијан Хорнер – завршив!

Проблемите помеѓу Кристијан Хорнер, првиот човек на Ред Бул и Јос Верстапен, добиваа нова димензија, односно не престануваат.

Таткото на светскиот шампион, го обвини Хорнер дека го саботирал неговото учество на парадата на легенди на Ред Бул, пред трката за ГН на Австрија.

– Колку треба да бидете детинест за да се занимавате со такви работи. Хорнер се однесува како да е во градинка. После се што се случуваше, јас со него дефинитивно завршив, порача Јос Верстапен.

Односите помеѓу овие двајца се лоши од моментот кога Хорнер беше обвинет дека сексуално злоставувал една девојка, вработена во Ред Бул. Беше отворена и истрага, но сето тоа беше брзо забошотено.

Многумина сметаат дека лошите односи меѓу Јос Верстапен и Кристијан Хорнер ќе резултираат со заминување на Макс наскоро од Ред Бул.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО