Верстапен испрати „шифрирана“ порака: Ако овој човек замине од тимот, не знам што ќе се случува..

Во Ред Бул ситуацијата воопшто не се смирува. По уште една обезбедена пол-позиција, потресите во оваа екипа не запираат.

Хелмут Марко кој е специјален советник на Ред Бул, наводно е под истрага поради тоа што извадил одредени сензитивни информации за Кристијан Хорнер во медиумите и може да биде суспендиран.

Целата ново настаната ситуација по квалификациите ги прокоментира и Макс Верстапен.

– Што се однесува до мене, имам голема почит за Хелмут Марко, многу остваривме заедно. Врската ни е силна и мојата лојалност кон него е огромна. Тој беше клучен фактор во мојот успех, затоа е важно да остане во тимот. Имам чувство дека за мојата ситуација во Ред Бул не би било добро да замине еден од столбовите на успехот, при негово заминување, не знам каква би била мојата иднина во оваа екипа, порача Макс Верстапен.

Со ова трикратниот Ф1 шампион се обиде да испрати порака до водството на тимот, се со цел да го задржат Марко, за да може и тој да остане во иднина.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО