Вембањама го предводеше Сан Антонио до триумф над шампионот Оклахома

Сан Антонио ноќеска ја совлада Оклахома Сити со 116:106 на домашен терен во меч од НБА-лигата.

Центарот на Спарс, Виктор Вембањама, запиша дабл-дабл со 22 поени и 14 скока и е најзаслужен за триумфот над актуелниот шампион во најсилната кошаркарска лига на светот.

Резултати на другите натпревари играни ноќеска:

Њујорк – Денвер 134:127

Торонто – Минесота 126:128

Хјустон – Бостон 93:114

Милвоки – Њу Орлеанс 141:137

Сакраменто – Мемфис 125:129

ЛА Клиперс – Кливленд 91:124.

Оклахома Сити е лидер во Западната конференција со 40-12 (победи-порази), Детроит е прв на Исток со биланс 37-12.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО