Велбек го сруши Ливерпул: Брајтон со голем пресврт и удар по амбициите на „црвените“

Во првиот дуел од денешната програма во Премиер лигата, тимот на Брајтон со двата гола на Дени Велбек на свој терен успеа да го победи со конечни 2:1, тимот на Ливерпул, и со тоа да приреди големо изненадување.

Искусниот напаѓач погоди за водство во 14. минута, и уште од тој момент се виде дека домаќинот на овој дуел планира големи нешта.

Катастрофалната грешка на потесната одбрана на домашните му послужи на Милош Керкез да постигне ефектен гол, и да израмни на 1:1.

Сепак, во 56. минута Велбек повторно погодува, овојпат за второ домашно водство, а како што подоцна ќе се покаже и конечно.

Брајтон со оваа победа е осми на табелата со 43. поени, додека Ливерпул е петти со 49.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО