Вејд тврди: Јас бев како Џордан!

Двејн Вејд тврди дека ја достигнал формата на некогаш големиот ас Мајкл Џордан, се додека не се повредил.

Двејн Вејд имаше блескава НБА кариера, во неа три патибеше шампион со Мајами Хит и 2006 година ја доби наградата најкористен играч во финалето, или МВП, кога Мајами беше подобар од Далас во финалето.

Тој беше избран на драфтот во 2003 година зад Леброн Џејмс, Кармело Ентони и Крис Бош, а играше и за Чикаго Булс и Кливленд Кавалирс.

При гостувањето во поткастот “7PM in Brooklyn“, тој потенцира дека бил скоро во идентична форма како и Мајкл Џордан некогаш.

– Не сум најдобар шутер на сите времиња, но бев одличен во повеќе работи. Никој не знаеше како да ја сруши мојата игра. Пред повредата, јас бев како Мајкл Џордан, порача Вејд.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО