Трикратниот грен слем победник, Стен Вавринка доби специјална покана да игра на Австралија опен, што ќе се игра од 12 до 26 јануари, 2025-та, на турнирот на кој првпат настапи пред речиси 20 години.
Вавринка, 39-годишниот Швајцарец, славеше и на терените во Мелбурн парк во 2014 година кога во финалето го победи Рафаел Надал. Таа прва грен слем титула го искачи на третото место на АТП листата. Потоа освои уште две грен слем титули, на Ролан Гарос 2015 година и на САД опен една година подоцна.
Покрај Вавринка, специјална покана добија и осум австралиски играчи, меѓу кои и Дарија Савил и Ајла Томљановиќ.
– Неверојатно сум благодарен што добив специјална покана за Австралија опен 2025 година. Мелбурн има посебно место во моето срце, тоа е местото каде што го освоив првиот грен слем трифеј и тоа е една од најголемите пресвртници во мојата кариера, рече Вавринка, кој во последните години се мачеше со повреди и моментално е на 161 место на АТП листата.