Ватерполистите на Србија го освоија третото олимписко злато во низа

Ватерполо репрезентација на Србија го одбрани златниот медал освоен на Олимписките игри (ОИ) во Токио 2021-та, претходно и во Рио 2016-та, совладувајќи ја во финалето во Париз, Хрватска со 13:11 (5:2, 3:3, 3:3, 2:3).

Решавачката беше првата четвртина во која Србија ги искористи сите четири ситуации со играч повеќе и поведе со 5:2. Србија успеаја да ги искористат првите седум  ситуации со играч повеќе и така постојано одржуваше предност од три до четири гола.

На почетокот од последната четвртина Хрватска ја намали негативата на два гола и имаше неколку напади за приближување, но не ги искористи.

Милош Чук со три дадени гола ја предводеше Србија. Јерко Мариниќ Крагиќ беше најефикасен кај Хрватска, исто така со три гола.

За ватерполостите на Србија ова беше трето олимписко злато по ред. Хрватска во Париз го освои четвртиот олимписки медал откако стана независна, трет сребрен, по Атланта 1996 година и Рио де Жанеиро 2016 година. Единственото злато е она од Лондон 2012 година.

Србија освои пет медали на ОИ во Париз. Покрај ватерполистите, со злато се закитија Зорана Аруновиќ и Дамир Микец во стрелаштво и Новак Ѓоковиќ во тенис. Сребро освои Александра Перишиќ во теквондо, а кошаркарите освоија бронза.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО