Ватерполистите на Хрватска ги „удавија“ Шпанците и се пласираа во полуфиналето на ОИ

Хрватската ватерполо репрезентација се пласира во полуфиналето на Олимписките игри (ОИ) во Париз, откако во четвртфиналето ја совлада Шпанија со 10:8 (2:0, 4:3, 2:2, 2:3). .

Најефикасни во хрватската репрезентација беа Лорен Фатовиќ, Маро Јоковиќ и Константин Харков кои постигнаа по два гола. Кај Шпанците најдобри беа Алберто Мунариз, Алваро Гранадос и Бернат Санахуја кои по двапати се запишаа во листата на стрелци.

Хрватска во полуфиналето на ОИ ќе игра против победникот од мечот Италија – Унгарија, што ќе се игра вечерва од 20.35 часот.

Во преостанатите две четвртфиналиња денеска играат Грција – Србија (15.35) и САД – Австралија (19 часот).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО