Ватанабе: Верувам во успех на тимот

Претседателот на Хонда Рејсинг, Коџи Ватанабе, изјави дека е среќен што има шанса повторно да соработува со Фернандо Алонсо во Формула 1. Помеѓу 2015 и 2017 година, Алонсо возеше за Мекларен кога британскиот тим користеше погонски единици на Хонда.

Во тоа време, сепак, тие беа исклучително слаби и неефикасни, што често значеше дека Алонсо и неговите соиграчи беа лесни мети за нивните ривали.

– Кога работевме со него помеѓу 2015 и 2017 година, ситуацијата беше тешка за Хонда и за тимот. За нас тоа беше многу тежок период во нашата историја и имаше моменти кога нашите односи беа напнати, објасни Ватанабе, кој откри дека ја обновил комуникацијата со двократниот шампион на крајот на минатата година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО