Кикс на Шкендија, Вардар сигурен против Македонија ЃП е епилогот по двата денешни натпревара од 25.коло во Првата македонска фудбалска лига.
Со убедливи 5-1 Вардар славеше против Македонија ЃП во 25. коло од Прва македонска фудбалска лига. „Црвено-црните“ максимално го искористија киксот на Шкендија, која неочекувано загуби дома од Пелистер со 1-2.