Вардар го загуби големиот талент – премина во директниот конкурент за опстанок

Нијаз Јусуфи повеќе не е дел од ФК Вардар и од наредната полусезона ќе настапува за ФК Гостивар. Трансфер спогодбата е постигната во согласност помеѓу двата клуба.

-Би сакале да истакнеме дека направивме максимални напори, со цел да изнајдеме позитивен договор за продолжување на соработката, свесни за потенцијалот на младиот Вардаров бисер, но сепак на крајот не успеавме да ја промениме одлуката и пред се желбата да си замине.

За црвено-црниот дрес Нијаз одигра вкупно 42 натпревари и постигна 3 гола.

Во името на клубот му се заблагодаруваме за ангажманот и посветеноста со која ги бранеше боите на големиот Вардар и воедно му посакуваме успех во понатамошниот дел од кариерата, порачаа од Вардар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО