Ракометарите на Вардар остварија важен триумф против екипата на Целје со резултат 31:27 и успеаја да се пласираат во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид.
Генерално натпреварот беше во повеќе фази израмнет, со повремени блесоци на двете екипи, иако може да се потенцира дека Целје е тимот кој во првиот дел од натпреварот почесто имаше предност.
Но Вардар пред крајот на полувремето ја презема иницијативата и на полувреме заминаа со солидна предност од 16:11.
Во вториот дел Вардар само ја оддржуваше предноста и на крајот таа резултира со триумф на овој натпревар. Противниците на Вардар се обидоа да парираат во финишот, но ја немаа потребната нијанса.
Во натпреварот за трофеј на овој турнир, Вардар ќе се сретне против тимот на Алкалоид.