Вардар доби моќен спонзор со влог од еден милион евра годишно

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар денеска и официјално доби нов и силен спонзор. Клупското раководство потпиша договор со компанијата „Новоматик Македонија“ која се обврза во следните 12 месеци да вложи еден милион евра во ФК Вардар.

– Со финансиската програма од еден милиони евра годишно „Новоматик Македонија“ ќе му помогне Вардар во обидот да се врати на старите, успешни патеки.

Нашата амбиција не е да ја превземеме контролата врз клубот, само ќе имаме наш преставник. Вардар е симболот на најголемите македонски спортски успеси, изјави Марија Митреска, претставник на Новоматик.

Задоволен од потпишаниот договор беше и претседателот на Вардар, Милорад Миленковски.

– За нас ова е посебен момент, свечен чин кој предизвикува многу емоција. Долго време го чекавме ова. Целиот наш труд во минатиот период наиде на разбирање и многу сум горд затоа што Вардар добива нова, светла иднина.

Ова е договор за главно спонзорство со „Новоматик Македонија“. Токму таков потстрек ни требаше и овој позитивен пример треба да го следат и останатите компании, рече Миленковски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО