Ван дер Варт: Сите сонуваат да играат за Реал, дури и оние од Барса?

Холандскиот интернационалец, Рафаел ван дер Варт (41) поранешен играч од средниот ред на Ајакс, ХСВ, Реал Мадрид ина Тотенхем, сега е многу интригантен како тв коментатор. Неговите забелешки се вирални, меѓу кои е е најновата за тоа кој клуб е најпосакуван во светот.

„Реал е клуб за кој секој фудбалер сака да игра. Не знам зошто е тоа така, но тие сакаат да играат за Реал многу повеќе отколку, да речеме, за Барселона. Секој фудбалер во светот го сака тоа, па дури и играчите на Барселона сакаат да играм за Реал Мадрид“!.

Тој дојде од ХСВ во Реал во летото 2008 година. За две години одигра 73 натпревари, постигна 12 и асистираше за 13 гола, но тоа беше за време на доминацијата на Барселона, па со Реал не освои ниту еден важен трофеј. Потоа се пресели во Тотенхем.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО