(ВИДЕО) Дончиќ потврди дека ќе игра за Словенија на ЕП 2025

Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ ќе игра за репрезентацијата на својата земја на Евробаскетот 2025 година.

Кошаркарот на Далас маверикс ја потврди веста изразувајќи среќа поради можноста повторно да игра за репрезентацијата.

– Со нетрпение очекувам да играм за мојата земја. Очигледно е дека ќе играм. За мене е гордост и радост да играм за мојата земја секогаш кога можам. Затоа пак ќе го направам тоа, изјави Дончиќ.


Познато е дека Словенецот многу сака да игра за репрезентацијата на својата татковина и оти речиси никогаш не ја одбил поканата за настап.

Словенија е еден од кандидатите за домаќин на Евробаскет 2029 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО