Валенсија одигра нерешено со Мајорка

Тимот на Валенсија, за кој Столе Димитриевски не беше ниту на клупата за резерви  пред своите гледачи во рамките од новото коло од шпанската Примера одигра нерешено 1:1.

Домаќинот имаше проблеми откако по само 23. минути игра Мајорка преку Саму Коста стигна до 0:1.

Валенсија успеа да излезе од негатива во 52. минута откако Дуро погоди за 1:1. До крајот на мечот Валенсија не успеа да стигне до комплетен пресврт и полн плен.

Мајорка е четиринаесетта со 18 бодови, додека Валенсија е две места подолу со 16.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО