Маратонката од Етиопија, Јебргвал Мелесе, почина на 36-годишна возраст откако ненадејно се колабираше на тренинг, соопшти Етиопската атлетска федерација.
Мелесе, победничка на престижните маратони во Хјустон, Прага и во Шангај, се подготвуваше за својот следен настап во Отава, закажан за 24 мај.
Во текот на рутинска тренинг-сесија во Адис Абеба, таа доживеа здравствен колапс и беше итно префрлена во болница, но лекарите не можеа да ја спасат.
– Етиопската атлетска федерација изразува длабоко сочувство поради ненадејната смрт на оваа херојска атлетичарка и им изразува сочувство на нејзиното семејство, пријателите и на обожавателите – се вели во соопштението.
Еден од најголемите резултати во нејзината кариера беше во 2015 година, кога, заедно со триумфите во Хјустон и во Прага, го освои второто место на познатиот маратон во Чикаго