Home ФУДБАЛ Унгарскиот напаѓач Варга успешно опериран, утре си оди дома

Унгарскиот напаѓач Варга успешно опериран, утре си оди дома

0
Унгарскиот напаѓач Варга успешно опериран, утре си оди дома

Напаѓачот на Унгарија, Барнабас Варга беше успешно опериран по фрактурата на лицето на мечот во неделата против Шкотска, 1:0, на ЕП.

Варга, 29-годишниот фудбалер потешко се  повреди во 68. минута откако се судри со голманот на Шкотска, Ангус Ган во шеснаесетникот. Тој веднаш беше пренесен во болница во Штутгарт, а потоа и опериран.

– Според информациите на лекарите, интервенцијата минала без компликации, па напаѓачот ќе може утре да ја напушти болницата, соопштија од Унгарската фудбалска федерација на платформата Х.

Пријателката на Варга сподели фотографија на која го држи за рака во болница со порака: „Ви благодариме за сите љубезни пораки за поддршка. Барни успешно ја мина операцијата. Тој сега малку ќе одмора, но ќе биде добро“, напиша таа.