Копа Америка: Бразил разочара против Костарика, Колумбија го совлада Парагвај

Репрезентациите на Бразил и на Костарика утрово одиграа без голови во Инглвуд, на натпреварот од првото коло во групата Д, на Копа Америка што се одржува во САД.

Бразилците пропуштија голем број шанси, а голманот Патрик Сегуеира одлично се снајде на голот на Костарика, сопирајќи ги сите удари на противничките напаѓачи. Во вториот натпревар од првото коло од истата група, во Хјустон Колумбија го победи Парагвај со 2:1.

Головите за Колумбија ги постигнаа Данијел Муњоз во 32. и Џеферсон Лерма во 42. минута. Единствениот гол за Парагвај беше дело на Хулио Енкизо во 69. минута.

Натпреварите од второто коло во групата Д ќе се играат на 29 јуни. Двојките се Бразил – Парагвај и Колумбија – Костарика.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО