Унаи Емери сака да го донесе Феликс во Астон Вила

Астон Вила покажува сериозен интерес за Жоао Феликс, објави „Гардијан“.

Финансискиот маневар на гигантот од Бирмингем стана возможен со продажбата на Французинот Муса Дијаби на Ал Итихад за 60 милиони евра.

Атлетико Мадрид го донесе Феликс од Бенфика, за 126 милиони евра во 2019 година. Феликс не сакаше или не успеа да се вклопи во сиситемот на тренерот Диего Симеоне. Поради несогласувањата шо ги имаше со тренерот, Атлетико минатата сезона го испрати на позајмица во Барселона. Кога заврши сезоната Барселона го врати во Мадрид без намера да го откупи неговиот договор.

Претходно шест месеци играше како позајмен и во Челзи (сезона 2022/23).

Договорот на Феликс е до летото 2027 година.

На неговиот трансфер инсистирал менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери. Астон Вила следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

На последното Европско првенство во Германија, Феликс играше за Португалија, а етикетата на трагичар ја заработи во четвртфиналето против Франција, кога го промаши пенал во пенал рулетот, а Португалија испадна од првенството.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО