Голманот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Андреј Лунин, нема намера да го продолжи договорот со шпанскиот елитен состав, најавуваат денеска медиумите низ Европа.
Тој има тековна соработка до летото во 2025 година по што ќе си замине од актуелниот шампион на Примера Дивизион. Украинскиот чувар на мрежата во претходната сезона беше одлична замена за повредениот, Тибо Куртоа но, остана крајно разочаран бидејќи не доби можност да брани во финалето на Лигата на шампионите.
Според весникот – „Марка“, луѓето од Мадрид се убедени дека ќе го натераат корпулентниот голмансепак да остане на „Сантијаго Бернабе“.