Тимот на Манчестер јунајтед од минатата 2023 година беше „најскапиот досега“ во фудбалската историја, се вели во извештајот на Европската фудбалска унија (УЕФА).
Во Извештајот за финансии и инвестиции на европските клубови, се наведува дека играчите на Јунајтед на крајот од финансиската 2023 година чинеле 1,42 милијарди евра!
Претходно тимот на Реал Мадрид од 2020-та беше најскап, 1,32 милијарди евра. Во извештајит пишува и дека три други тима, Манчестер сити, Челзи и Реал, чинат повеќе од една милијарда евра.
Во тимот на Јунајтед имаше неколку играчи за кои беа платени многу пари. Тоа се Бразилецот Антони (96 милиони евра), Хари Мегваер (93,5), Џејдон Санчо (83,5) и Каземиро (82 милиони).
Во вкупниот износ не се вклучени трансферите на Расмус Хојлунд (84,2), на Мејсон Маунт (64,3) или на голманот Андре Онана (55 милиони евра), кои дојдоа во летниот преоден рок 2023 година.
Јунајтед минатата сезона ја заврши на третото место во Премиер лигата, во првата кампања под водство на менаџерот Ерик тен Хаг.