УЕФА прави радикален чекор – Англија ќе остане без ЕП 2028!

Фудбалската репрезентација на Англија би можела да биде суспендирана од следното Европско првенство иако е една од земјите каде што ќе се одржува турнирот.

Европското првенство во 2028 година на кое шпанската репрезентација ќе ја брани титулата ќе се одржи во Велика Британија и Република Ирска.

Звучи малку неверојатно, но можностите се реални. Иако е една од земјите домаќини, фудбалската репрезентација на Англија би можела да го пропушти следното Европско првенство поради суспензијата или барем да биде лишена од домаќинството.

Како и обично, првенството ќе се игра во јуни и јули. Почетокот и крајниот датум се уште не се објавени, но може да има одредени промени.

УЕФА ја предупреди ФА дека на Англија може да и биде забрането да биде домаќин на турнирот доколку Сер Кир Стармер продолжи со своите планови да создаде регулатор за машки фудбал.

Во писмото на УЕФА до министерот за култура, се предупредува дека мешањето на власта во водењето на фудбалот не смее да се случи.

Ова доаѓа откако беа поставени планови да се спречат врвните клубови да формираат Суперлига или непријателска лига. Новите закони ќе му овозможат на новосоздадениот регулатор да ги надгледува клубовите во првите пет дивизии на англискиот фудбал.

Главната порака во протеченото писмо е дека основниот услов е играта да остане независна.

Доколку овие услови не се исполнат, тогаш санкцијата би можела да биде забрана за Англија да биде еден од организаторите на ЕУРО.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО