УЕФА поради високите температури го промени терминот за европскиот натпревар на Тиквеш

Поради високите температури кои владеат во Скопје, УЕФА го промени терминот за првиот натпревар од 1. квалификациско коло во Конференциската лига меѓу македонскиот представник Тиквеш и исландски Бреидаблик.

Место првично утврдениот термин од 17:30 часот, натпреварот во четврток (11. јули) ќе се игра со почеток од 20:30 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Тикваш веќе ги пушти во продажба билетите за натпреварот за кој билет чини 200 денари, а ВИП влезниците се по цена од 500 денари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО