УЕФА официјално им забрани на навивачите на Динамо Загреб и ПАОК да патуваат на гостувањето на нивната екипа. Овие два тима ќе се сретнат во осминафиналето на Конференциската лига.
Првиот осминафинален натпревар меѓу Хрватите и грчката екипа е на 7 март, а реваншот е во Солун една недела подоцна. Европската фудбалска централа нема да дозволи грчки симпатизери да патуваат во Загреб поради инцидентите со ултраси од фракцијата „Бед Блу Бојс“, кои предизвикаа инцидент во Атина пред и за време на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу АЕК и Динамо летото.
На 8 август Михалис Кацурис беше убиен во тепачка со навивачите на улиците на грчката престолнина. Над 100 Хрвати беа уапсени и ставени во грчки затвори.Поради овој инцидент, УЕФА одлучи да им забрани на навивачите на Динамо Загреб да присуствуваат на натпревари до крајот на сезоната во сите европски турнири. Тоа значи дека двата натпревари меѓу Динамо Загреб и ПАОК ќе се одиграат без присуство на гостински навивачи.