УЕФА казни седум ФС за лошото однесување на нивните навивачи на ЕП

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) казни седум од 24-те земји кои се натпреваруваа на ЕП 2024 поради расистичко или дискриминаторско однесување на нивните навивачи.

Санкционирани се ФС на Хрватска, Србија, Романија, Словенија, Албанија, Унгарија и на Австрија.

Казните се парични и се до 50.000 евра, за Хрватска, поради „расистичко и дискриминаторско однесување на навивачите“ на натпреварите против Шпанија, Албанија и Италија, како и забрана за продажба на билети за следниот натпревар на гости.

Романците се казнети со 40.000 евра, а Србија, Словенија, Унгарија и Албанија со по 30.000 евра, како и забрана за продажба на билети на навивачите за следниот натпревар на гости, односно две години условно. Најдобро минаа Австријците кои се  казнети со 20.000 евра поради истите дејанија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО