УЕФА го суспендираше Даку на два меча

УЕФА ја донесе одлуката по дисциплинската постапка за албанскиот репрезентативец Мирлан Даку по скандалозното однесување по завршување на натпреварот меѓу Албанија и Хрватска на ЕП.

Даку доби два меча суспензија од УЕФА поради националистички скандирања по дуелот со Хрватска, неспортско однесување кое наиде на осуда од целата европска фудбалска јавност, но и од албанските фудбалски аналитичари и јавност.

Тоа значи дека Даку ќе го пропушти утрешниот натпревар на Албанија против Шпанија во последното коло од групната фаза, но и евентуален осминафинален дуел на ЕВРО 2024, доколку Албанија успее да се пласира во следниот круг.

Претходно, УЕФА информираше дека Албанскиот фудбалски сојуз е казнет и со вкупни 47,500 евра за инцидентите на албанските навивачи во Хамбург.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО