Убедлив триумф на ТФТ за враќање на првата позиција на табелата

Кошаркарите на ТФТ ја постигнаа 13.та победа во МТЕЛ Супер лигата откако денеска во последниот натпревар од 14.коло го совладаа градскиот ривал Чаир 2030 со 111:91 (28:22; 31:32; 28:23 и 24:14). Со овој триумф ТФТ се врати на првата позиција на табелата.

Првиот дел мина во знакот на домашната екипа, но и фактот дека двете екипи играа ефикасно – 59:54. Во третиот период гостинската екипа поведе со 74:41, но тогаш домашната екипа направи серија од 20-3 за водство од 91:77 и со тоа ја навести победата.

Кај победничката екипа Џастин Гордон беше најефикасен со 25 поени, а се истакна и Никола Василевски со 10 асистенции.

ТФТ е лидер на табелата со 27 бодови, еден повеќе од МЗТ Скопје Аеродром, а Пелистер е трет со 24.

Натпреварот се играше денеска поради обврските на ТФТ во средата во АБА 2 лигата.

Фото: МКФ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО