Полските медиуми објавија сторија за судиите, Бартош Франковски и Томаш Мусијал, кои синоќа беа уапсени поради кражба на сообраќајни знаци!
Оваа судиска двојка вечерва требаше да биде во ВАР просторијата на натпреварот меѓу Динамо Киев и Ренџерс во квалификациите за Лигата на шампиони (натпреварот се игра во Лублин, Полска), но по скандалот ќе ги нема.
Полскиот ТВП спорт објави дека Франковски и Мусијал синоќа околу 1:30 часот украле сообраќајни знаци. Полицијата добила дојава дека некој намерно уништува и краде сообраќајни знаци на улиците на Лублин.
Полицијата набрзо уапсила тројца мажи. Очигледно сите тројца биле под дејство на алкохол. Мусијал имал ниво на алкохол во крвта од 1,8, а Франковски 1,7 промили.
„Околу 1.40 часот по полноќ, добивме пријава дека тројца мажи носат сообраќајни знаци на улица. На местото на настанот дојде полицијата, а сите мажи кои беа уапсени имаа над 1,5 промили алкохол во крвта“ објави полската полиција која не го отрки идентитетот на третиот човек.
УЕФА наместо тие двајца, во ВАР собата ќе го испрати полскиот двоец, Томаш Квјатовски – Павел Малек.