Турскиот претседател доаѓа на четвртфиналето на ЕП во Германија по дипломатскиот скандал

Турските власти денеска официјално објавија дека Таип Ердоган, претседателот на Турција, ќе пристигне во Германија на четвртфиналнот натпревар на Европското првенство (ЕП) меѓу Турција и Холандија.

Натпреварот ќе се игра во сабота во Берлин со почеток оД 21 часот, а следува по дипломатскиот инцидент меѓу Германија и Турција што се случи поради реакцијата на турскиот репрезентативец Мерих Демирал на осминафиналето против Австрија, 2:1.

Демирал беше стрелец на двата гола за Турција, но вториот гол го прослави со гест кој крена голема прашина.

Демирал со рацете имитирал глава на волк, а тој гест е поврзан со „Сивите волци“, ултранационалистички огранок на Партијата за националистичко движење (МХП), која е коалициски партнер на турската владејачка партија АК, предводена од претседателот Ердоган. Во Германија, потегот на Демирал беше осуден како расистички.

Европската фудбалска унија (УЕФА) покрена истрага против турскиот фудбалер, а турското Министерство за надворешни работи оцени дека покренувањето постапка против него е неприфатливо и ксенофобија.

Некои германски политички претставници реагираа поинаку. „Користењето на фудбалот како платформа за расизам е целосно неприфатливо. Чекаме УЕФА да го истражи овој случај и да ги разгледа можните санкции“, изјави Ненси Фезер, германската министерка за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО