Легендарната велосипедска трка, Тур де Франс во 2026 година за прв пат ќе почне во Барселона, во Каталонија каде што ќе се одржат воведните две етапи. Третата етапа ќе почне во регионот на Шпанија и ќе продолжи во Франција.
Шпанија по трет случај ќе биде домаќин на почеток на Тур, откако претходно го направи тоа во Сан Себастијан во 1992-та и лани во Билбао.
Трката во 2026 година која треба да почне на 4 јули, ќе има најјужен старт во историјата на Тур.
– Ова е историска пресвртница што ја потврдува улогата на Барселона како меѓународна спортска престолнина. Барселона ќе биде единствениот град во светот кој бил домаќин на Олимписки игри, Светско првенство во фудбал, Америка куп и на Тур де Франс, четирите највлијателни спортски настани во светот, рече градоначалникот на градот, Жауме Колбони.
Годинашниот Тур ќе почне во Фиренца, Италија, на 29 јуни, а во 2025 година во францускиот град Лил.
Данецот Јонас Вингегард ќе се обиде да ја постигне третата последователна победа на годинашниот Тур, но се’ уште се опоравува од повредите во несреќата во април.