Победата на Колумбија над Узбекистан (3:1) и трагичниот пораз на Панама од гана го затворија првото коло на Светското првенство во фудбал.
Панама, во Л групата, во 90 минути беше подобриот тим на теренот, но си дозволи контра во 95-та минута, која ја повлече Томас-Асанте по левата страна, влезе во шеснаесетникот и несебично го проигра Халеб Јиренки, кој од неколку метри ја погоди празната мрежа за голема победа на репрезентацијата на Гана.
— OvoOno (@OvoOnoX) June 18, 2026
Колумбија во К групата, го победи дебитантот Узбекистан со 3:1. Луиз Дијаз беше прво име на мечот, најпрвин му асистираше на Даниел Муњоз во 40-та минута, а откако 20 минути подоцна Фајзулаев изедначи, во 65-та минута ја врати предноста на Колумбија.
Конечниот резултат во 99-та минута го постави Кампаз.
Foto:EPA