Тухел: Сане и Гнабри се неизвесни за првиот меч со Реал Мадрид

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел денес за медиумите потврди дека учеството на Лерој Сане и Серж Гнабри е под знак прашалник за првото полуфинале од Лигата на шампионите.

„За Серж Гнабри тоа ќе биде трка со часовникот за мечот со Реал Мадрид, а за Лерој Сано ќе биде трка со болката“, рече Тухел на својата прес-конференција пред натпреварот на неговиот тим против Унион Берлин во Бундеслигата.

„Треба да славите моменти како оној против Арсенал. Ние го искористивме. Наша задача сега е психички да се подготвиме и да бидеме подготвени за утрешниот натпревар. Има уште многу да се направи во лигата. Сезоната не е завршена”, предупреди Тухел, инаку Баерн ќе се бори до крај со Штутгарт за второто место.

Баерн Минхен е домаќин на Реал Мадрид на 30 април (вторник), а на „Сантијаго Бернабеу“ патува на реваншот на 8 мај (среда).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО