Екипата на Црвена ѕвезда забележа важна победа синоќа на гостувањето кај Басконија во 33. коло на кошаркарската Евролига.
Натпреварот заврши со резултат 108:100 по дополнителни пет минути, откако основните 40 завршије нерешено 91:91.
Монеке со 22 поена беше најефикасен во победничкиот тим, кај домаќините се истакна Форест со 31 постигнат поен.
„Црвено-белите“ сега имаат 19 победи и 14 порази и се наоѓаат на 9. место.
Баскијците останаа на девет победи и се на претпоследното, 19. место.
Фото:миа