На претпоследниот ден од натпреварите во пливање на Олимписките игри (ОИ) во Париз, беше поставен вториот светски рекорд, во штафетната трка 4х100 метри мешано, а го постави штафетата на САД (мажи и жени).
Трката меѓу американската и кинеската штафета беше многу израмнета, речиси од првиот до последниот метар. На крајот и двете штафети беа побрзи од претходниот светски рекорд кој три години го држеше Велика Британија.
На крајот, последната американска пливачка, Тори Хуске го допре работ на базенот за 3:37,43 минути, што беше за 12 стотинки побрзо од Јунџуан Ванг од Кина, односно за 15 стотинки побрзо од досегашниот светски рекорд. Бронзата ја освои Австралија со 3:38,76 минути.
И САД и Кина решија во првите две измени, грбно и пеперутка, да бидат пливачи, а во последните две измени, градно и во слободен стил, пливачки.