Тричковски замина од АЕК, но останува на Кипар

Поранешниот македонски репрезентативец, Иван Тричковски си замина од АЕК Ларнака, но и натаму останува на Кипар, во АЕЛ Лимасол.

Искусниот напаѓач по осум години минати во АЕК Ларнака, се раздели со клубот, но ќе остане на Кипар, во АЕЛ Лимасол кој му понуди едногодишна соработка.

Тричковски во дресот на АЕК Ларнака одигра 278 натпревари и постигна 138 гола, а имаше и 29 асистенции. Во кариерата Тричковски настапуваше за Легија Варшава, за Ал-Наср, Васланд Беверен, Клуб Бриж, АПОЕЛ, Еносис Паралимни, Црвена ѕвезда, Работнички и Вардар. Тој има одиграно и 67 натпревари за Македонија и постигнато девет погодоци.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО