Тренерот на Вулверхемптон доби отказ

Раководството на англискиот премиерлигаш Вулверхемптон го отпушти менаџерот Гери О’Нил (41) по серијата лоши резултати. „Волците“ ги загубија последните четири натпревари и претрпеа 11 порази во 16 кола во Премиер лигата, со што паднаа на 19. место на табелата со девет бодови, четири повеќе од последнопласираниот Саутемптон.

Вулверхемптон од почетокот на сезоната прими 40 гола, најмногу од сите клубови во англиската Премиер лига.

„Ние сме му благодарни на Гери за сите негови напори, посветеност и напорна работа за време на неговиот престој во клубот, и му посакуваме се најдобро во иднина“, соопштија од клубот.

О’Нил стана тренер на Вулверхемптон во август минатата година, забележа 20 победи, 11 нерешени и 32 порази во 63 натпревари.

Тој е третиот менаџер од Премиер лигата кој доби отказ оваа сезона по Стив Купер во Лестер и Ерик тен Хег во Манчестер јунајтед.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО